Делегација на ИСОС учествуваше на меѓународна конференција во Тирана

Делегација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) учествуваше на Конференција за подигнување на свеста за аутсорсинг во сметководството, која се одржа на 11 декември 2025 година во Тирана, Република Албанија.
Конференцијата беше организирана во рамки на „Проект за зајакнување на квалитетот на ревизијата и финансиското известување“ во организација на Грант Торнтон со поддршка на Светска банка, како и со поддршка од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања.

Настанот ги обедини професионалците од областа на сметководствените услуги, претставници на стопанските комори, меѓународни организации и институции, со фокус на унапредување на услугите во сметководството, поттикнување на извозот на сметководствени услуги, како и јакнење на регионалната и меѓународната соработка во оваа област.

Учеството на делегацијата на ИСОС претставува уште еден чекор во насока на зајакнување на регионалната соработка, размена на искуства и следење на современите трендови во развојот на сметководствената професија, во согласност со стратешките цели на Институтот.

Скопје, декември 2025

Со почит,
ИСОС
Previous ИСОС учествуваше на работилница за обучувачи на Центарот за финансиско и одржливо известување при Групацијата на Светска банка во Виена
Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација, во која членуваат сметководители и овластените сметководители, без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност.

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030

Контакт и локација

Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.20, деловна зграда на Аутомакедонија, кат 2 (до главна дирекција на Макпетрол)
+389 (0)2 3200030
ИСОС © 2023. Сите права задржани.